Анџелина Џоли наскоро ќе започне да се занимава со политика

Анџелина Џоли наскоро ќе започне да се занимава со политика

Анџелина Џоли откри дека размислува во иднина да се занимава со политика. Во интервјуто кое го дала за BBC рекла дека таа идеја пред 20 години сигурно би ја одбила, но сега верува дека нејзината улога во политиката е потребна.

Убавата глумица е официјален претставник на агенцијата на Обединетите Нации за бегалци, а во интервју со водителот Џастин Веб, Анџелина разговарала за американската политика, социјалните медиуми, сексуалното насилство и глобалната мигрантска криза.

“Да ми го поставевте ова прашање пред 20 години веројатно би се насмеала…Секогаш можам да кажам дека ќе одам таму каде што сум потребна, но не сум сигурна колку сум подготвен за политика”, рекла Анџелина на прашањето дали еден ден ќе се кандидира за американска претседателка.

Кога Веб ѝ рекол дека таа би можела да биде на листата од 30 до 40 демкорати кои се кандидираат за претседатели, само му се заблагодарила не одбивајќи го неговиот предлог.

Анџелина во интервју говорела за потешкотиите со следење на активностите на децата на социјалните мрежи и нагласиле дека ниту таа, баш како и поголемиот дел од родителите не можат да ги контролираат сите работи на кои се изложени нивните деца.