Анџелина Џоли на прием кај Брижит Макрон во Париз

Холивудската актерка Анџелина Џоли активно ја користи секоја минута во Париз, мешајќи бизнис и задоволство.

Откако со своите деца уживаше во Лувр, 42-годишната филмска ѕвезда беше на прием кај Брижит Макрон.

Средбата се одржа во Елисејската палата, а темата на разговорот била кризата со сириските бегалци.

За таа пригода, Џоли носеше бел фустан од Ролан Муре, сива наметка и чанта од Луј Витон. Црвениот кармин и големите очила го засилија холивудскиот гламур во нејзиниот изглед.

По средбата со првата дама на Франција, Џоли ја посети продавницата на Guerlain на Шанзелизе каде ја пречекаа стотици фанови.Анџелина стана заштитно лице на Guerlain минатата година и објави дека целиот приход ќе го донира за хуманитарни цели.

Славната актерка и режисерка претходно во посета на музејот Лувр со шесте деца.