Анџелина Џоли има ново момче?!

Анџелина Џоли има ново момче?!

По веста дека славниот холивудски пар конечно “ги закопа секирите“, во светските медиуми одекна веста дека актерката Анџелина Џоли пронашла ново момче.

Како што пренесуваат светските медиуми, станува збор за телохранителот кој го запознала на снимањето на филмот „Those Who Wish Me Dead“.

Џоли и телохранителот наводно толку многу се зближиле на снимањето што секој слободен момент го поминувале заедно, навел изворот, а пренесуваат од списанието „National Enquirer“.

Тоа не би било толку спорно доколку телохранителот не би бил зафатен. На неговата партнерка, како што пренесуваат медиумите, не ѝ се допаѓало тоа што тој поминува толку многу време со популарната актерка, па затоа почнала да оди на снимањето на филмот.

Тоа почнало да ѝ пречи на целата екипа која работи на филмот.

„Ненајавено ќе дојде на снимањето и ќе ги набљудува нив двајца што прават“ – открил некој од изворите.

Меѓутоа, овие изјави ги демантира исто така неименуван извор за списанието „Business Times“.

„Сите тие приказни се лажни. Џоли пред сè сака да се фокусира на својата кариера како и на своите деца“ – изјавил изворот.

Инаку, по повеќемесечната драма, Анџелина неодамна конечно постигнала договор со поранешниот сопруг Бред Пит во врска со старателството над децата.