Анастасија Ражнатовиќ најавува нова песна

Анастасија Ражнатовиќ најавува нова песна

Анастасија Ражнатовиќ неодамна  ја објави песната „Хероина“, за која најави и дека веќе се работи на видеоспот.

Анастасија веќе има два големи хита, „Савршен пар“ и „Ране“, а и „Хероина“ не заостанува зад нивниот успех,но на нејзиниот инстаграм-профил осамна краток инсерт од сосема друга песна „Волим те“, која ќе ја промовира на 24 март.

Таа напорно работи на својот прв албум, кој го снима во студиото на Дарко Димитров и поради тоа, пред ситуацијата со коронавирусот често патуваше на релација Белград-Скопје.