Ана Николиќ: Ќерка ми е мојот најголем успех

Ана Николиќ: Ќерка ми е мојот најголем успех

Ана Николиќ се породи пред три недели, кога на свет ја донесе ќерката Тара, а денес со јавноста прв пат ги сподели впечатоците од мајчинството.

Во емотивна порака на социјалната мрежа Инстаграм, пејачката објасни колку раѓањето на ќерката и го сменило животот.

Не постојат зборови со кој би го опишала ова чувство. Мислев дека знам што е љубов…Мислев дека знам што е среќа…Таа ми го објасни она што никој не успеа да ми го објасни никогаш. Таа е мојот најголем животен успех и смислата на мојот живот.

Покрај пораката, таа објави фотографија на која се гледа рачето на бебето додека ја држи мама за прст.

Пејачката ќерката ја доби со раперот Раста, кој неколку дена по раѓањето на ќерката ги ошиша суганиците кои му беа заштитен знак со цел како неговата коса би растела паралелно со косата на неговата ќерка.