Ана Ивановиќ ќе стане мајка по втор пат

Ана Ивановиќ ќе стане мајка по втор пат

Ана Ивановиќ на својот Инстаграм профил објави дека е во исчекување на нејзиното второ дете.

Анаубавата вест заедно со својот сопруг, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер ја објавија преку фотографија на која има четири пара патики, од најголеми до најмали.

Поранешната тенисерка во минатото има изјавено дека откако го родила синот Лука нејзиниот живот се променил и дека мајчинството е најубава работа на светот.

Иако никогаш во јавноста не открива детали од приватниот живот, на Ана очигледно и годи да сподели ваква вест со целиот свет.