Амал Клуни за прв пат се појави во јавност со близначињата

Амал Клуни за прв пат се појави во јавност со близначињата

Амал и Џорџ Клуни досега посветено го зачувуваа приватниот живот подалеку од медиумските камери.

Па, токму затоа многумина беа изненадени што славната адвокатка одлучи да се појави со близначињата во рацете пред многуте папараци на влезот на нивниот хотел.

40-годишната правничка и активистка беше фотографирана со едногодишните близнаци Ела и Александар. Облечена во кежуал комбинација со елек со леопардски принт, Амал ги носеше дечињата од хотелот до нивниот автомобил.