Амал Клуни прекрасна во бордо кадифен фустан

Амал Клуни прекрасна во бордо кадифен фустан

Амал Клуни привлекува внимание со своите модни избори. Популарната сопруга на Џорџ Клуни присуствуваше на универзитетска гала во Лондон, а нејзиниот стајлинг наиде на позитивни коментари од модните критичари.

40-годишната успешна адвокатка носеше кадифен фустан од дизајнерката Алберта Ферети.

Во британската метропола таа присуствуваше и на отворањето на бутик на Џамбатиста Вали каде се истакна со комбинезон во бургиндец нијанса од неговото ателје.