Амал Клуни e модна божица

Амал Клуни e модна божица

Џорџ и Амал Клуни беа гости на вечера организирана во Бакингемската палата.

57-годишниот актер и 41-годишната адвокатка изгледаа беспрекорно елегантно додека позираа пред фотографите.

На свеченоста, Амал пленеше во бела асиметрична креација.

Вечерата беше организирана во чест на The Prince’s Trust, добротворна организација основана од принцот Чарлс. Гости на свеченоста беа и други холивудски актери како Џош Хартнет, Бенедикт Камбербач, Лук Еванс и Чиветел Еџиофор.