Алвез со голема доза оптимизам работи на однесувањето на Нејмар!

Алвез со голема доза оптимизам работи на однесувањето на Нејмар!

Дани Алвес како сонародник на Нејмар важи и за еден од неговите најблиски соиграчи, па секоја изјава поврзана со него предизвикува голем интерес.

Покрај по фудбалските квалитети, Нејмар изминатиот период и пред се за време на СП беше популарен поради симулирањето на натпреварите, а Алвес потврди дека разговарал со него на оваа тема.

– Во животот понекогаш се случуваат работи поради кои стануваме позрели и сфаќаш дека мора да се однесуваш професионално. Многу зборував со Нејмар, мислам дека сега е поискусен и сигурен сум дека сите оние потсмевања за време на мундијалот ќе го променат него и неговото однесување, – потенцира Алвес.