Алкохолот е поштетен за мозокот од марихуаната?

Алкохолот е поштетен за мозокот од марихуаната?

Новата студија во кое истражување учествувале 850 возрасни и 430 тинејџери покажало дека алкохолот, но не и марихуаната, влијае на намалување на нервното ткиво  што покажува дека алкохолот е поштетен за мозокот од марихуаната.

Додека сивата маса ги контролира мозочните функции, белата ја контролира комуникацијата на нервите и мозокот. Секое намалување на оваа маса влијае на функциите, но тоа намалување не било забележано кај испитаниците кои консумирале само марихуана.

“Иако марихуаната може да имa негативни последици, тие не се ни близу штетни како последиците кои ги предизвикува алкохолот”, објаснува коавторот на студијата, Кент Хатчисон.

Од друга страна, авторот на истражувањето Рејчел Тајер предупредува дека многу научници не знаат како марихуаната влијае врз човечкиот мозок.

Научниците исто така пренесуваат дека резултатите од влијанието на марихуаната на мозокот не се идентични во секое истражување. Така, едно истражување покажало дека комбинацијата на алкохол и канабис го намалува ризикот од заболување на црниот дроб.