Алиша Кис заедно со малиот син ја изведоа „Raise a Man“

Алиша Кис заедно со малиот син ја изведоа „Raise a Man“

На синоќешното доделување на музичките награди на iHeartRadio, Алиша Кис беше придружувана од своето семејство.

Откако ја прими наградата за Иноватор на годината, славната музичарка го повика на сцената својот син за заедно да ја изведат песната „Raise a Man“.

38-годишната пејачка и 8-годишниот Иџипт ги импресионираа присутните со својот настап. Додека малото момче свиреше на пијано, Алиша ја пееше новата песна со својот моќен глас.

Кис сподели видеа на Instagram и напиша: „‘Мама и Јас’ момент за кој сонував! WOW! Иџи воодушевена сум од тебе! Многу си ХРАБАР и УБАВ и ме правиш ГОРДА! Чувството кое го имав покрај тебе за време на оваа песна? ЕЖЕЊЕ НА ЦЕЛОТО ТЕЛО. Беше НЕВЕРОЈАТЕН СИНЕ! Твоето патување само што започна и јас сум благословена што ќе растам маж како тебе“.