Али и Лорис ќе го пропуштат дуелот против Ливерпул

Али и Лорис ќе го пропуштат дуелот против Ливерпул

Лондонски Тотенхем ќе биде исклучително ослабен на дерби натпреварот од 5-то коло во англиската Премиер лига против Ливерпул.

Тренерот на Спарси на дуелот против европскиот вицешампион нема да може да смета на услугите на Деле Али и Уго Лорис.

Али се повреди за време на неговите настапи за англиската репрезентација и поради повредата се очекува да паузира пократок период, додека пак повредата на Лорис е од посериозна природа. Францускиот голман поради повреда на бутниот мускул ќе мора да паузира неколку седмици.

Дуелот помеѓу Тотенхем и Ливерпул е закажан за сабота во 13:30 минути.