Алгри изјави дека Касерес е идеално засилување за Јувентус

Алгри изјави дека Касерес е идеално засилување за Јувентус

Лидерот во италијанската Серија А, Јувентус сосема неочекувано во финишот на овој преоден рок се одличи да направи една промена во дефанзивната линија и да го ангажира Мартин Касерес.

Уругваецот досега двапати доаѓаше и си заминуваше од Торино, но сега ќе има и трета епизода ако успешно ги мине задолжителните медицински прегледи. Искусниот Касерес ќе биде директна замена за Бенатија кој пак одлучи да ја напушти сегашната средина и да ја прифати понудата од Катар, а тоа според тренерот Масимилјано Алегри ги ставило во незгодна ситуација, ама морале да реагираат на трансфер пазарот.

-Бенатија побара да замине, направи поинаков избор од нашите намери и клубот му го даде она што го сакаше. Немаше смисла да се задржи играч кој не сакаше да биде тука. Во секој случај, Бенатија имаше неколку добри години во Јувентус и јас сум тажен што тој заминува, но не можам да влезам во неговата глава и да го променам неговиот став. Тој ја донесе оваа одлука и тоа е тоа. Заедно со клубот, ги оценивме и другите играчи кои може да ги донесеме во Јувентус и ние бевме среќни што Касерес прифати. Јас сум многу среќен. Ова е негова трета епизода, Мартин го знае клубот, сигурен е и ќе комплетира веќе силна одбранбена линија. За околу три или четири недели ќе го имаме и Барѕалји, така што тоа ќе биде тоа. Касерес е играч кој го знам и според мое мислење може многу да му даде на Јувентус. Не би било мудро да донесете играчите со уште четири месеци од сезоната, да се чекаат да го научат јазикот, да се проверуваат нивоа на фитнес и др. Тоа би било премногу долго. Мартин е подготвен, -истакна Алегри.