Алесандро Неста е нов тренер на Перуџа

Алесандро Неста е нов тренер на Перуџа

Легендарниот италијански фудбалер, пред неколку години ја заврши својата кариера како фудбалер и одлучи да се посвети на тренерската работа.

Алесандро Неста денес потврди дека е избран за нов тренер на италијанскиот второлигаш Перуџа. Овој клуб се избори за пласман во плејофот и ќе се бори наскоро под водство на Неста за пласман во Серија А.

„Помина долго време, не се сеќавам кога последен пат бев на овој стадион. Дојдов со голем оптимизам и ова е навистина вистински фудбалски клуб. Овој тим е силен и би бил силен со било кој друг тренер. Се радувам на нашата соработка“, изјави Неста.