Алесандро Костакурта смета дека Ибра нема потреба да се враќа во Милан

Алесандро Костакурта смета дека Ибра нема потреба да се враќа во Милан

Како што пренесуваат италијанските медиуми, голема е веројатноста наскоро Златан Ибрахимовиќ да се врати во редовите на Милан.

Иако многумина се воодушевени од враќањето на Швеѓанецот, сепак има и некои кои што немаат баш позитивно мислење околу евентуалното враќање на Ибрахимовиќ во Милан. Еден од нив е поранешниот фудбалер на Милан, Алесандро Костакурта.

„Да се прашувам јас, не би го довел Ибрахимовиќ во Милан. Да дојдеше пред шест или седум години, тоа ќе беше друга приказна. Тоа ќе беше добро не само за Милан, туку и за италијанскиот фудбал во целина“, изјави Костакурта.