Алесандра Амбросио со нови фотографии во бикини ги “запали“ фановите

Алесандра Амбросио со нови фотографии во бикини ги “запали“ фановите

Бразилската убавица ова лето одлучила да ужива на грчкиот остров Миконос, па веднаш ги “почестила“ своите фанови со сексапилни фотографии.

Популарните личности ова лето го окупираа Миконос, а на овој егзотичен грчки остров пристигнала и познатата манекенка Алесандра Амбросио (38), во друштво на своето момче, бизнисменот Никола Одиј (37).

Бразилската убавица веднаш отишла на плажа со што се пофалила со својата витка линија.

Алесандра објавила серија од фотографии на кои се гледа дека позира во минијатурно црвено бикини. Во прв план бил нејзиниот секси стомак.

Многу брзо потоа, следеле уште три фотографии на кои Алесандра позира во предизвикувачки пози. За само неколку часа, бразилската убавица добила над 120 илјади лајкови.

View this post on Instagram

Vacation mode 🔛 #foreveronvacation

A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) on