Алесандра Амбросио доби восочна фигура во „Мадам Тисо“

Алесандра Амбросио доби восочна фигура во „Мадам Тисо“

Алесандра Амбросио доби своја восочна фигура во музејот „Мадам Тисо“ во Њујорк.

38-годишната манекенка, која со години беше еден од ангелите на Victoria’s Secret, на настанот се појави со синчето Ноа. Убавата Бразилка шармираше во мало црно фустанче со циркони на ракавот, додека малото момче беше облечено во црн костум.

Восочната фигура е инспирирана од изгледот на Амбросио на Канскиот филмски фестивал во мај годинава.