Алексис Санчез надвор од терените во наредните два месеци!

Алексис Санчез надвор од терените во наредните два месеци!

Оле Гунар Солскјер се соочува со огромни проблеми околу составувањето на тимот за претстојниот реванш натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ.

Ѓаволите против парижаните ќе бидат без десет свои фудбалери, а Солскјер денеска ја дозна и тежината на повредата со која се соочи Алексис Санчез.

Чилеанецот ги повредил предните вкрстени лигаменти на коленото кои за среќа не се скинати, па се очекува да паузира околу два месеци. Тоа го потврди докторот на репрезентацијата на Чиле, Педро Онате кој во интервју за Ел Меркурио истакна:

– Зборувавме со Алексис и тој ни кажа дека во неделата имал снимања. Ќе биде подготвен за Копа Америка, но нема да може да игра во следните шест до осум недели.