Александра Пријовиќ објави нова песна

Александра Пријовиќ, се врати на естрадното небо многу брзо откако на свет го донесе својот син Александар.

Таа со песната „Непоновљиво“ ја освои публиката, а сега посготви ново иненадување –синглот „Богата сиротиња“.

Александра вчеравечер во  финалето на „Ѕвездите на Гранд“ премиерно ја изведе оваа песна, а за таа прилика избра провокативна комбинација. Пејачката се појави во целосно транспарентен фустан во кој ја покажа витката линија.

Нејзиниот стајлинг ја заскокотка љубопитноста кај гледачите, а Прија и тоа како покажа доволно, односно се пофали дека се вратила во топ форма.