Александар Пријовиќ на три месеци куќен затвор и ќе остане без речиси 18 милиони евра

Александар Пријовиќ на три месеци куќен затвор и ќе остане без речиси 18 милиони евра

Колку многу ќе го чини Александар Пријовиќ скандалот откако не ги почитувал вонредните мерки на Владата на Р. Србија?

Познато е се што направил српскиот фудбалер, кој по Јовиќ и Нинковиќ, дојде во центарот на вниманието на тамошната јавност. Ново е тоа што откако беше уапсен, Пријовиќ е осуден од судот во Белград на три месеци куќен затвор, но него повеќе ќе го боли тоа што најверојатно ќе остане без речиси 18 милиони евра. Се разбира дека неговиот клуб Ал – Итихад од Саудиска Арабија, сега има право да бара раскин на договорот, а му остануваат уште три години. Инаку Пријовиќ заработува најмалку по 5,5 милиони евра годишно, и веројатно е најплатениот срски фудбалер.

Пред Ал –Итихад, напаѓачот играше и за Легија, ПАОК, но и многу други клубови, но никогаш за некој српски со оглед на тоа дека е роден во Сент Гален (Швајцарија).