Aл Пачино во биографскиот филм

Aл Пачино во биографскиот филм

Американскиот глумец Ал Пачино ќе глуми во новиот биографски филм на режисерот Бери Левинсон. Филмот е приказна за поранешниот тренер на фудбалскиот тим на државниот универзитет Пен, Џо Патерн. Филмот е во продукција на HBO, а централната приказна е борбата на Патерсон со последиците од скандалите со сексуалното искористување на малолетник во кое е вплеткан и неговиот асистент Џери Сендаски.

Патерн, кој е тренер со најмногу победи на колеџи, е отпуштен по неколку дена, затоа што е уапсен неговиот асистент во 2011, а умира два месеца покасно на 85 години.Ал Пачино и Левинсон имаат претходна соработка во филмот “The Humbling”, како и во биографскиот филм за Џек Кеворкиан “You don’t know Jack” од HBO.