Ајфеловата кула ќе го одбележи својот 300-тиот милионски посетител

Ајфеловата кула ќе го одбележи својот 300-тиот милионски посетител утре со серија концерти, бидејќи ова обележје е симбол на Париз отворено во 1889 година.

„Ќе бидат поставени тапани на приземје, на вториот кат амбиентот ќе биде џез, а на врвот на кулата атмосферата ќе биде романтична со трио флејта” – рече компанијата SETE која ја контролира кулата.

На секој половина час, до полноќ, ќе се организира специјално креирано светлосно шоу за оваа пригода, според соопштението.

Ајфеловата кула е еден од најпопуларните споменици во светот, а минатата година привлече повеќе од 5,8 милиони посетители.