Адријана Лима го промовира шоуто на Victoria’s Secret

Адријана Лима го промовира шоуто на Victoria’s Secret

Дали Адријана Лима ќе ги остави своите ангелски крилја?

Минатата година долгогодишниот ангел Алесандра Амбросио и Victoria’s Secret објавија дека ја прекинаа соработката токму за време на ревијата, а годинава се шпекулира дека истото ќе се случи и со Адријана.

Убавата Бразилка денес на Емпаер Стејт Билдинг го промовираше претстојното шоу, но не беше фотографирана на пробите.

Шпекулациите за пензионирањето на Лима од улогата на ангел ги засили изјавата на моделот Џорџија Фаулер. На прашањето кој ѝ е омилен ангел, таа изјави: „Не сакам да фаворизирам никого, но додека растев, се огледував на Адријана Лима. Ова мислам дека ќе ѝ биде последна година, но таа го има правено ова многу години и продолжува да изгледа неверојатно на пистата, наспроти помладите девојки. Таа е многу љубезна.“

37-годишната Бразилка за првпат дефилираше на ревија на VS во 1999 година.