Адријана Лима го истакна својот сексапил во мини фустан од “Прада”

Адријана Лима го истакна својот сексапил во мини фустан од “Прада”

Минатата сабота била резервирана за ревија на луксузниот бренд “Прада”, во рамки на модната недела во Њујорк, а секако дека ѕвезда на вечерта била британската заводничка со сини очи

Адријана Лима е позната по своите изданија, во кои максимално го истакнува својот сексапил, исто така и по мејкап новитетите, како и модерните аксесоари. Ова трио не го изоставила ниту на ревијата на италијанската модна куќа, каде долгоногата убавица уште еднаш ја демонстрирала својата совршена стилска вештина.

Лима многу едноставно ја врзала косата, со бела сенка ги нагласила очите, додека со темно-виолетов кармин, максимално ги истакнала усните. Со хајлајтер ги освежила образите и челото и така заокружила уште еден совршен изглед.

Исто така, не заостанала ниту во полето на облекување. Се определила за бела тоалета со едноставен крој. Мини креацијата на “Прада”, ја дополнила со мали проѕирни ленти, кои оставаат многу драматичен но и заводлив ефект.

View this post on Instagram

🖤🖤🖤 #adrianalima

A post shared by GIRLS BEAUTY 💄💅👠 (@girlsbeautty) on