Адријана Лима е атрактивна убавица во црвено

Адријана Лима е атрактивна убавица во црвено

Адријана Лима се вброи во плејадата славни личности кои ја посетија премиерата на најновиот филм на Квентин Тарантино во Холивуд.

На црвениот тепих пред прикажувањето на филмот „Once Upon a Time In Hollywood“, 38-годишната манекенка зачекори во црвен фустан од Magda Butrym и ги привлече објективите на фоторепортерите.

Во својот стајлинг, Лима додаде црвени сандали од Кристијан Лобутин и обетки од луксузниот бренд за накит Шопард.