Адел забележана како се забавува со друг маж

Адел забележана како се забавува со друг маж

Пејачката Адел не чекала многу после разводот со поранешниот сопруг Сајмон Конецки, па во неколку наврати била забележана со друг маж кој според изворите неодоливо наликува на Сајмон.

Англиската пејчака веќе некое време не се појавувала во јавноста со Сајмон, а фановите имале прилика да ја сретнат во ноќните клубови во Њујорк со својата пријателка Џенифер Лоренс. Таа одлучила да продолжи понатаму со својот живот и да им се посвети на работата и синот.

“Може да се каже дека им “попушти” американците откако живее во Лос Анџелес, а неодамна беше забележана како се бакнува со многу згоден маж во еден бар. Наликува на Сајмон, само што е многу поуреден и поугледен”, рекол извор за The Sun додавајќи дека Адел на анонимниот маж му да дала до знаење дека не сака ништо сериозно.

Имено, таа сака да им се посвети на кариерата и синот, но исто така сака да се забавува. Нејзините пријатели дури ја присилиле да креира Тиндер профил, а британскиот таблоид The Sun разоткри дека парот не живее заедно веќе некое време и дека планира разделба.