Адел потврдила дека ги венчала Алан Кар и Пол Дрејтон!

Адел потврдила дека ги венчала Алан Кар и Пол Дрејтон!

Познатата пејачка Адел потврдила дека во улога на матичар ја извела венчавката на нејзините двајца најдобри пријатели, комичарот Алан Кар и неговиот партнер Пол Дрејтон.


Венчавката се случила во јануари, во Лас Вегас.

„Беа како две мачки во вреќа.Венчав двајца мои најдобри пријатели во јануари. Ме знаете, не ми треба оправдување да се трансформирам“ напишала Адел покрај фотографијата од венчавката која ја поставила на Инстаграм.Алан Кар во едно гостување на ТВ (The One Show) открил и’ некои детали од венчавката:
„Ја знаеме (Адел) со години и кога и рековме дека планираме да се венчаме таа ни рече ’Можам ли јас да го испланирам целиот ден за вас?’ Па, таа ја организира венчавката. Ние отидовме и таму имаше големо пијано на кое еден човек ја свиреше „Ordinary People“ а таа ја испеа и песната за нашиот прв танц. Тоа беше апсолутно волшебно. Никогаш нема да можам да и се одолжам. Таа е една посебна личност. Како што сите знаеме – таа е најдобра“.