9тиот Саем за венчавки од 22 до 24 февруари

9тиот Саем за венчавки од 22 до 24 февруари

Хотелот Александар Палас ќе биде најубавото место во Македонија. Во организација на интернет магазинот „Во Бело“ www.vobelo.com   се организира 9-тиот саем за венчавки. Програмата е интересна и интерактивна. Оваа година ќе има изложувачи и од Грција, Шпанија, Италија и Србија кои ќе донесат свежина на македонскиот пазар во овој сегмет. Новината е и во тоа што се приклучува и студио за шминка кое дополнително ќе ја олесни главоболката на идните невести за шминка и фризура. Петок е свечено отварање со ревија на познатите во венчаници, а сабота и недела ќе имаме можност да видиме неколку индивидуални модни ревии, на наши креатори, но и нови колекции на познати светски брендови ќе се претстават кај нас оваа година.

За прв пат саемот е интернационален, па така освен нашите најдобри дизајнери на саемот свое учество ќе земат  и групацијата White Angels со четири шпански, еден италијански бренд (Моника Лорети, Ханибал Лагуна, Ману Гарсија…) како и еден од најдобрите српски дизајнери на венчаници Дјук-Предраг Дјукниќ. Причина повеќе да бидете дел од оваа манифестација е и можноста да добиете картичка за попуст од изложувачите којшто секако, доколку го искористите, може во целосниот пакет на планирање да ви направи голема заштеда од предвидениот буџет за свадба.

Ако просекот на склучени бракови во една година во Македонија е околу 15.000, тоа значи дека околу 30.000 семејства ќе се подготвуваат за најубавиот ден, денот на свадбената веселба. Најмалку 300.000 гости ќе се веселат на Елено моме, на свадбените бонбони и на фрлањето бидермаер на нечија свадба во текот на оваа година. Токму поради сите нив, односно идните снаи и зетовци, сватови и кумови, идните девери и деверуши и сите останати гости, го организираме по 9-ти пат овој традиционален саем за венчавки.

Интернет порталот „Во Бело“ одговорно и креативно го подигнува нивото на културата за венчавките и со месечните 250.000 посети е лидер во оваа област, притоа создавајќи го трендот на организацијата на свадбениот ден. Како што свадба без невеста не може, така и саемот без изложувачите не може. Но, секако потребно ни е да имаме и добар домаќин и водител, а оваа година е Александра Илиевска од колинарското шоу „Брза Кујна“.

Александра Илиевска е во брак три години, а со убава фотографијa да потсетиме на нејзината свадба и да ве поканиме да сте дел од овој настан кој ќе ја одбележи 2019-та година.

Организатор на единствениот свадбен викенд во Македонија е интернет магазинот „Во Бело“ www.vobelo.com.

За подетални информации contact@vobelo.com.