7 работи кои НИКОГАШ не треба да ги правите во теретана!

7 работи кои НИКОГАШ не треба да ги правите во теретана!

Кога станува збор за вежбање во теретана, она што треба да се направи може да се сумира релативно лесно: вежбајте со добра форма, вежбајте паметно и бидете максимално фокусирани на секоја вежба. Но листата на она што не треба да го правите е значително подолга. Советите како “не го виткај грбот”, “држи ги рацете исправени” се вообичаени совети од добри тренери, но има многу мудрост која не е поврзана со специфични движења. Имајќи го тоа на ум, еве седум дополнителни работи што никогаш не треба да ги правите во теретана, ако сакате да го максимизирате вашиот резултат!

  1. Никогаш не се одмарајте седејќи додека вежбате нозе

Само што сте завршиле исцрпувачка серија на чучњеви и единствената мисла ви е да седнете и да одморите помеѓу сериите. Да можеби за момент додека да земете здив, но седењето предолго време всушност делува контрапродуктивно кон закрепнувањето.  Движењето помага мускулот да се ослободи од водородни јони кои при тренинг со висок интензитет го доведуваат мускулот до замор.  Ако седнете вие всушност ја спречувате циркулацијата на крвта до вашите мускули, а лошата циркулација доведува до успорено закрепнување помеѓу сериите.

Земете здив, но гледајте да се движите секогаш кога вежбате нозе!

  1. Никогаш слепо не копирајте вежба што ја прави некој друг

Знаете како некој фаќа вирус и наскоро сите сме болни? Тоа може да се случи и со лоша техника за одредена вежба. Еден човек прави нешто погрешно и порано или подоцна наеднаш секој го прави тоа со истата лоша форма. Ова најчесто се случува со вежбите за загревање и со мртво дигање кое многу вежбачи го имаат претворено во невешто псевдо мртво кревање.

Само затоа што најголемиот човек во вашата теретана прави одредена вежба не значи дека тој ја прави правилно. Набљудувањето е добро за да се започне со учење на нови вежби, но тоа е само тоа-почеток. Како се прават одредени вежби можете да видите на интернет, а помага и вежбање со искусен тренер.

  1. Никогаш не барајте начини за да го скриете фактот дека не вежбате нозе

Штом ќе бидете во теретана подолго време, ќе забележите одредени трендови кај некои луѓе. Сите вежбаат гради во Понеделник и вежбаат нозе додека теретаната е празна, за никој да не види колку малку можат да креваат на чучњеви. Ако немате големи и масивни нозе, престанете да ги криете носејќи долги тренерки.

Наместо тоа прифатете ја вашата слабост и нападнете ја наместо да ја криете. Удвојте го вашиот напор да изградите големи нозе наместо често да зборувате за тоа колку проблеми имате со колената. За да изградите солидно тело не треба сиот труд да го вложувате додека вежбате раце и гради. Ако не можете да издржите 1-2 часовен тренинг за нозе минимум еднаш неделно тогаш извинете ама вие не сте во “no pain, no gain” групата.

  1. Никогаш не губете време на вашиот мобилен помеѓу сериите

Оваа навика на многу вежбачи и тренери може се повеќе и повеќе да се забележи во фитнес центрите. За жал во денешно време мобилните донесоа многу залудно потрошено време во теретаните и бран на вежбачи кои по завршувањето на секоја серија “дремат” телефон.

Освен ако активно не го следиш твојот тренинг на телефонот, остави го! Лесно е да го изгубиш фокусот помеѓу сериите поради социјалните мрежи и да се одмараш предолго. Телефонот исто така предизвикуваат да не ги забележите другите вежбачи околу вас кои можеби сакаат да вежбаат на истата справа или можат да ви дадат одличен совет.

  1. Никогаш не ги мешајте термините вежбање јако и напредок

Зошто некои луѓе напорно тренираат, но се чини дека немаат напредок? Најверојатно поради тоа што напорот сам по себе не е гаранција за резултат. На пример, можете да вежбате бицепс со полесна тежина и да направите 60 повторувања, или можете да го вежбате со потешка и да направите само  8-10 повторувања. Двата начини се “тешки”, и малата тежина дури и може да ви даде подобра краткорочна мускулна напумпаност, но тешката тежина е подобра за градење на мускулите.

Се додека ги изведувате движењата со добра форма и вежбате до откажување, најдобро е да вежбате со тежина со која ќе можете да направите 8-10 повторувања.  Кога и таа тежина ќе стане “лесна”, зголемете ја или пак зголемето го интензитетот со скратување на време за одмор.

  1. Никогаш, ама никогаш не се опуштајте!

Правиме многу работи кои ни го прават животот поудобен. Но кога се работи за тренинг, удобноста не е нешто кое го посакувате. Вежбањето е наука и еден од првите принципи на оваа наука е прогреснивото преоптоварување. Кога ќе додадете тежина на бенч вашите мускулни влакна се кинат се повеќе и повеќе и со добра исхрана и одмор тие растат се поголеми. Кога одреден тренинг ќе стане удобен, вашето тело повеќе нема причина да се адаптира и да расте. Затоа никогаш не го ставајте вашиот тренинг на “авто-пилот”.

  1. Никогаш не додавајте тежина се додека немате одлична форма

Вежбачите се секогаш во брзање да додадат што повеќе тежина на секоја вежба, мислејќи дека тоа ќе ги направи поголеми и посилни. Почетниците често ја жртвуваат својата форма за да креваат поголеми тежини. Тоа никогаш не е паметно но е особено опасно при изведување на вежби како мртвото кревање или чучњевите.

Лесно е да се научи како да се вежба бицепс но мртвото кревање е сложена вежба. Погледнете квалитетни видеа, нека ви помогне искусен тренер и вежбајте, вежбајте, вежбајте! Спротиставете се на искушението што побрзо да кревате поголема тежина се додека не научите да ја изведувате вежбата со одлична форма- ова ќе направи огромна разлика во вашата кариера.