7 најчести грешки кои ги прават ПОЧЕТНИЦИТЕ во теретана!

7 најчести грешки кои ги прават ПОЧЕТНИЦИТЕ во теретана!

Бодибилдингот не е комплексен како науката или изведување на операција на мозокот, но процесот на формирање на мускул, стекнување на сила и губење на маснотии, си одземаат време, огромно познавање, како ѝ напорна работа. Затоа е многу важно почетниците да ги имаат точните информации од почетокот на нивното патување за со вежбањето да си обезбедат максимални резултати, без повреди, стресови или трошење на време. Иако колку повеќе време ќе поминува, многу од тоа што се учи, и ако се користи уште на почетокот, ќе се создаде солидна информација која ќе ни биде од корист за сите години што би ги поминале во теретана.

Затоа ви ги презентираме “7 најчести грешки кои ги прават ПОЧЕТНИЦИТЕ во теретана!”.

  1. СЛЕДЕЈЌИ ГИ РУТИНИТЕ НА НАПРЕДНИ И ПРОФЕСИОНАЛНИ БОДИБИЛДЕРИ

Нема ништо погрешно во тоа да си избереме омилено бодибилдерско списание, или да го посетиме веб сајтот на омилениот професионалец за да видиме како тренира, но би било голема грешка да пробаме да копираме тоа што они го прават. Мора да се запамети дека сепак сте почетници, а поголемиот дел од професионалците тренираат од 8-20 години за да постигнат успех и високо ниво на толеранција. Повеќето од рутините кои што имаат импакт на професионалните бодибилдери моментално, не значи дека тоа било така на почетокот. Значајно е да се разбере дека сите професионални бодибилдери вежбаат со висок интензитет и се генетски чудаци, што останатите 99% што вежбаат не го сметаат за релевантно.

  1. ПРЕСКОКНУВАЊЕ НА ЗАГРЕВАЊЕТО

Разбирам дека како млади сите се чувствуваме како Супермен, без ниедно апче, вирус или болка не те спречува веднаш да посегнеш по теговите. Но иако е предизвикувачки да се почне диркетно со тежок тренинг без соодветно загреавње на телото( 5 минути трчање на трака, вежби со сопствена тежина, повеќе повторувања на вежбата без тежина), тоа и те како ќе се одрази во текот на годините. Навикнете се да го подготвите телото за интезивно вежбање и како годините ќе поминуваат ќе ја намалите шансата за оштетување на мускулите, лигаментите и тетивите и ќе може да вежбате колку што ќе посакате!

  1. ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ОСНОВИТЕ

Повеќето комерцијални теретани овие денови имаат широк спектар на машини кои ги покриваат мускулните групи од различни аспекти. Не е грешно ништо што е поврзано со овие машини, но грешките може да манифестираат кога почетниците ќе се “потпрат” на нив за целата програма за вежбање. Иако сите машини завршуваат голема работа, не штети за почетник да почне со слободна тежина односно со својата тежина да прави одредени вежби како на пример, чуњеви, мртво дигање, бенч прес, стоечки потисок со шипка на глава, веслање, бенч, потисок на коса клупа, разбој, вратило и прегиб за бицепс. Совладајте ги овие вежби пред да започнете со машините.

  1. ПРЕРАНО, А ПРЕТЕШКО

Сосема е разбирливо како почетник да биде малку застрашувачки гледајќи ги сите големи момци како вежбаат со огромни тежини со еднорачни тегови. Но ја разбирам и потребата да се вклопиме во средината, што често води кон тоа да почетниците креваат многу потешка тежина отколку колку што треба. Не само што е тотално губење на време, но може да доведе и до повреда. Искусните вежбачи повеќе ќе бидат импресионирани кога ќе видат почетник како ја изведува вежбата перфектно точно со помала килажа. Бидете паметни и користете ја точната техника и некој ден и Вие ќе бидете оној што ќе вежба како останатите момци во теретана со 25kg еднорачен тег.

  1. ПРЕТЕРАНО ВЕЖБАЊЕ

Повеќето мислат дека не постои терминот претерано вежбање, но тоа не е вистина. Претераното вежбање е феномен и може да Ве врати еден чекор назад од манифестирање на оптималниот прогрес од вашиот труд. Заради заднината на ентузијазмот и нетрпеливоста, многу почетници тренират многу повеќе кога ќе почнат да вежбаат, мислејќи дека колку повеќе време поминуваат во теретана, толку повеќе мускули ќе имаме. Важно е да се запамети дека процесот на мускулен раст не се одвива кога тренираме, туку кога одмараме. Повеќето вежбачи што се почетници ќе имаат одлични резултати со 3-4 пати вежбање во неделата, и никогаш не треба да се има тежински тренинг повеќе од два дена по ред.

  1. ВЕЖБАЈЌИ ГО ТОА ШТО Е ЗАБАВНО,  ИГНОРИРАЈЌИ ГО ТОА ШТО НЕ Е

Скоро секој бодибилдер со кој имам зборено ми има кажано дека почнал со вежби за гради и раце скоро секој ден во теретана, додека ги занемарувале одредени мускулни групи како нозе и грб( да, чучњевите, мртовото дигање и веслањето се тешки!). Разбирливо е дека мускулите што се гледаат на тесна маичка се градните мускули, бицепс и трицепс. Кога некој ќе праша мускулест човек “Може да ти ги видам мускулите?”, се подразбира дека не се мисли да се соблече целосно. Се мисли на пиштолите! Како почетник, не паѓајте на оваа замка. Вежбајте ги сите делови од телото со ист труд и интензитет за да изградите пропорционална фигура која ќе биде балансирана од глава до пети, напред и назад.

  1. ИЗБИРАЈЌИ ГО ПОГРЕШНИОТ ПАРТНЕР

Како што напоменав претходно, започнување на тренирање во теретана како комплетно нова единка, често може да биде застрашувачки. Заради ова, многу почетници бираат да вежбаат со пријател за да можат да си даваат поддршка еден на друг. Иако нема ништо грешно во врска со ова, осигурајте се дека пријателот што ќе го одберете ќе биде сериозен како Вас. Ако направите грешка и да одберете некој што ќе се исклучува, нема да се појавува во теретана, не обрнува внимание кога ќе ви треба помош, подобро да вежбате сами.