7 лоши навики за кои мислиме дека се добри

7 лоши навики за кои мислиме дека се добри

Сите знаеме дека алкохолот и цигарите во голема количина се лоши за нас, а здравата исхрана и активниот живот добри.

Постојат меѓутоа и некои работи кои ги правиме секој ден и сме убедени дека се правилни, но се испостави дека не е баш така.

Погледнете за што станува збор.

 

Мит 1 – Можете да ги надокнадите изгубените саати од сонот во текот на викендот

Вистина – Експертите сметаат дека е неопходно редовно да спиеме од 7 до 8 часа секоја вечер. Во спротивно може да дојде до зголемен ризик од срцеви заболувања и шеќерна болест.

Мит 2 – Би требало да земате витамиснки таблети како би биле поздрави

Вистина – Здрава диета полна со овошје и зеленчук ќе му ги донесе на вашето тело сите витамини кои му се потребни.

Мит 3 – Спиењето после ручек нема негативни последици

Вистина – Кога легнуваме да спиеме, нашето тело чува резерви на калории, наместо да ги троши. На овој начин спиењето после ручек доведува до дебелеење.

Мит 4 – Куќата секогаш треба да ви биде потполно чиста

Вистина – Стерилното чисто опкружување не делува добро на имунитетот и ја смалува способноста на нашиот организам да се бори со инфекции и алергии.

Мит 5 – Сите очила за сонце ги штитат очите од сонце

Вистина – Ефтините очила за сонце кои ги носат поголемиот дел од луѓето не се адекватни за заштита од сонце. Само скапите модели имаат заштитен слој кој можат да ги одбранат нашите очи.

Мит 6 – Користењето на будилник е најдобриот начин да се разбудиме

Вистина –  Истражувањето во Јапонија покажа дека нагло станување со помош на будилник ги ремети нашите биолошки ритми и го зголемува крвниот притисок.

Мит 7 – Микробрановите печки ги уништуваат хранливите материи во храната

Вистина – Со оглед на фактот дека храната побрзо се подгрева во однос на шпоретот, користењето на микробрановата печка е дури и поздрав во однос на алтернативите.