64-годишната Кристи Бринкли мами воздишки

64-годишната Кристи Бринкли мами воздишки

Кратки панталони и високи чизми над колена над 60 години?

Малку се жените во седмата деценија од животот кои би експериментирале со ваков стајлинг. Но, Кристи Бринкли не дозволува возраста да го диктира нејзиниот стил.

64-годишниот супермодел мамеше воздишки на „Footwear News Achievement Awards“.

На свеченоста во Менхетен, Кристи со широка насмевка позираше со двете ќерки – 32-годишната Алекса и 20-годишната Сејлор.

Триото ја освои првата мултигенерациска награда „Стилски инфлуенсери“.