6 вежби за подготовка пред скијање

6 вежби за подготовка пред скијање

Скијањето само по себе е одличен тренинг – активира многу мускулни групи, забавна кардио вежба е која можете да ја правите сами или во друштво, и што е најважно, на сонце и чист воздух. Во исто време тоа бара и солидна физичка подготвеност за да можете да ги изведете сите потребни движења правилно и да избегнете ризик од повреда. Следните неколку вежби ги таргетираат мускулните групи коишто ќе ви требаат да бидат цврсти за правилно скијање, можете да ги правите во теретана или дома, а ќе ви помогнат да уживате максимално во следниот викенд на планина.

Вежби за подготовка пред скијање

Иако навидум бара само цврсти нозе, за скијање ви се потребни и цврсти стабилизаторни мускули за одржување на балансот.

Пленк

Оваа вежба ќе ви помогне да го зајакнете целото тело, истовремено таргетирајќи ги речиси сите мускулни групи, состојба слична на онаа во која ќе се најдете додека скијате. Држете го телото во позиција на класичен пленк најмалку 1 минута, а потоа продолжете со страничен пленк на двете страни, исто по најмалку 1 минута.

Исчекор

Совршена подготвителна вежба за скијање. Ги таргетира квадрицепсите кои се константно активни во овој спорт заради што морате добро да ги подготвите. Ако сакате да ја зголемите ефикасноста на оваа вежба правете ја со тегови во рацете. А ако сакате да го извлечете нејзиниот максимум тогаш кренете ги рацете исправени над главата кога сте во крајната позиција на исчекор. На тој начин ќе ги активирате и торзото и рацете.

Чучњеви

Многу логична вежба за подготовка за скијање. Тоа е позицијата во којашто ќе го поминете речиси целото време додека сте на скии, па добро би било да го подготвите телото за неа. Кај оваа вежба исто така е пожелно да користите тежини за да го максимизирате ефектот, а за да ги зацврстите сите мускули во горниот дел на нозете правете и сумо-чучњеви (со нозете во позиција пошироко од рамениците и со стапалата свртени кон надворешна страна).

Подигнување на прсти

Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите листовите, кои ви се потребни за одржување на балансот додека скијате. За да го максмизирате ефектот, изведувајте ја оваа вежба со тежини и ќе можете да се држите исправени подолго време додека сте на скии.

Скок во страна

Одлична вежба за нозе и торзо, особено ако планирате да изведувате скокови на скијање. Ако класичната изведба не ви делува како доволен предизвик изведувајте ја со тег во рацете. Поставете си линија што ќе ви помогне да го држите балансот и прескокнувајте ја странично со споени нозе.

Бициклистички стомачни

Оваа верзија на вежбата за стомачни вклучува виткање на нозете во колената и истовремено обратно вртење на горниот дел од телото. Ќе ви помогне да го подобрите балансот и да го држите грбот исправен додека скијате, без болки и без ризици од повреда.

Подгответе се добро за предизвиците на снегот и уживајте!

*Ако не сте биле активни во изминатиот период, не вежбајте ден-два пред скијање бидејќи ќе имате проблем со болки во мускулите од тренингот. И не заборавајте да внесувате голема количина на протеиниза да ги нахраните мускулите по интензивните физички активности и да им помогнете да се опорават побрзо. За да ја подобрите вашата целокупна мобилност и флексибилност која ќе ви биде од помош при практикување на зимските спортови,  направете го правилна комбинација на вежби и суплементи кои се создадени специфично за оваа намена.