6 намирници за подобра меморија

6 намирници за подобра меморија

За оптимална мускулна маса, покрај теретаната е важна и правилната исхрана, тоа сите го знаат.

Но, дали сте знаеле дека изборот на намирници кои ги внесувате во вашиот организам можат да влијаат врз силата на вашиот мозок?

Киви

Само едно киви содржи повеќе витамин Ц од дневниот препорачан внес, а воедно го штити мозокот од слободните радикали кои можат да ја намалат неговата функција и да ја забават меморијата и способноста за решавање на проблемот.

Скуша

Омега-3 масните киселини им даваат флуидност на клеточните мембрани, што ја подобрува комуникацијата помеѓу ќелиите. Скушата е полна со омега-3 масни киселини кои ја подобруваат способноста за учење, како и помнењето.

Бадеми 

Состојката наречена фенилаланин која се состои во бадемите има способност да ги стимулира невротрансмитерите на допамин и адреналин. Бадемите исто така се богати со рибофлавин (Б2) кој ја зголемува меморијата.

Сушени кајсии

Истражувањата во Америка покажуваат дека високите количини на железо ја зголемуваат нервната активност во левата хемисфера на мозокот која е одговорна за аналитичко мислење. Затоа, дневно консумирајте неколку сушени кајсии кои ја зголемуваат апсорпцијата на железо.

Јајца

Холинот кој се наоѓа во јајцата ја одржува флексибилноста на клеточните мембрани, без што нутритиентите кои се базираат на масти не би можеле да пројдат низ клеточните ѕидови. Холинот е клучна компонента на ацетилхолинот кој ги пренесуваа информациите помеѓу нервите и мускулите.

Телешки џигер

Според резултатите на една американска студија која се занимавала со човековото стареење, се докажало дека храната која е богата со фолати (телешкиот џигер има највисоко ниво) е добра за мозокот и го намалува ризикот од добивање на Алцхајмерова болест.