6.5 милиони евра по сезона Интер ќе го плаќа Икарди во наредните 4 години!

6.5 милиони евра по сезона Интер ќе го плаќа Икарди во наредните 4 години!

Милански Интер му понудил нов договор на Мауро Икарди, информираат медиумите на „Чизмата“.

„Кориере Дело Спорт“ известува дека Интер му понудил четиригодишен договор на Аргентинецот со кој Икарди ќе заработува по 6,5 милиони по сезона, а бонусите би биле дополнителни приходи.

Фудбалерот и неговата менаџерка, сопругата Ванда Нара бараа плата од 7,5 милиони по сезона, плус бонусите.

Се уште останува нејасно како ќе се одвиваат работите на релација Интер – Икарди.