5те видови овошје кои содржат најмалку шеќер!

5те видови овошје кои содржат најмалку шеќер!

Овошјето е вкусно и нутритивно богато. Богат извор е на фибриди, витамини и антиоксиданси, кои помагаат телото да биде во одлична состојба. Но, како и да е овошјето е сепак извор на шеќер, па така за оние кои го лимитираат нивниот внес на јагленохидрати, овошјето е она што прво е “шкртнато” на листата.

За додатно да се зголеми негативната репутација, фруктозата е потенцирана како еден од придонесителите за зголемување на срцевите болести и дебелината. Како и да е, истражувањата кои се направени се фокусирани на негативните ефекти на фруктозата во големи количини од газираните сокови и останатата “junk” храна.  Природните шеќери кои се појавуваат во храната го немаат истиот негативен ефект како брзата храна и десертите кои имаат додадено фруктоза.

Сепак, доколку внимавате на вашиот внес на шеќери, секогаш е добра идеја да ги одберете оние овошја кои имаат најниска содржина на шеќер. Со ова што ќе го стекнете тука, може да уживате во нивните бенефити, исполнувајќи ги вашите микро и макронутритивни потреби.

1. МАСЛИНКИ – 0 грама шеќер на 100 грама маслинки

Не знаевте дека маслинките се овошје ? Исто како црешите и кајсиите, маслинките се дел од растение чиј плод се развива во цветот, а во овој случај цвет на маслиново дрво.

Овие ситни, мали овошја исто така имаат антиоксидативно својство. Со тоа што тие можат да ги впијат слободните радикали кои ги оштетуваат клетките, антиоксидантите се примарниот штит во борбата за разни болести. Антиоксидансите исто така помагаат за забрзување на опоравокот после интензивен тренинг.

2. АВОКАДО – 2 грама шеќер на едно парче авокадо

Како и во претходниот случај, авокадото не ви паднало на ум дека можеби е овошје. Ботанички класифицирано е како такво и содржи многу малце шеќер. Иако недостасува шеќер, тоа повеќе и од доволно надокнадува со добрите монозаситени масти, фибридите кои даваат ситост и широк спектар на потребните витамини и минерали!

Додатно, истражувањата покажуваат дека конзумирањето на авокадо со останата храна како што е морков и домати може да ја зголеми абсорпцијата на бета каротенот, кое што може да подобри статусот на витамин А во телото. Витамин А е есенцијален за правилно развивање на клетките, имунитетот и видот!

3. БРУСНИЦА – 4 шеќер на 100 грама брусница

Брусницата треба да е основата во храната преку целата година, не само во периодот на празниците. Покрај тоа што има многу ниска содржина на фруктоза, ова овошје исто така содржи многу антиоксиданси.

Истражување објавено во “Journal of Nutrition” докажало дека кога се конзумира дневно, нискокалоричниот сок од брусница (оној без додаден шеќер) може да го подобри влијанието за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести, осетливоста на инсулин, крвниот притисок, нивоата на триглицеридите и целосното воспалување во телото.

Други нутритивни вредности кои се важни да се напоменат е и содржината на витаминот Ц и фибридите.

4. МАЛИНИ – 5 грама шеќер на 123 грама малини

Малините содржат најмалку шеќер во однос на останатите шумски плодови, па затоа е секогаш добра идеја да имате од нив во фрижидерот свежи или замрзнати, доколку правите богати протеински шејкови! Додатно, малините имаат највеќе фибриди во однос на останатите шумкски овошја (8 грама), а со тоа има помала шанса за кревање на шеќерот во крвта и негов пад.

Не само што фибридите ќе направат да се чувствувате сити со помалку внесени калории, некои нови истражувања велат дека фибридите може да ја подобрат содржината на “добрите бактерии” во стомакот. Доколку “лошите бактерии” се доминантни во стомакот, тоа создава околина идеална за нови болести, потенцијално зголемувајќи го ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дијабет тип 2 и дебелина. Начин на исхрана богат со фибриди помага за “добрите бактери” да опстојат.  Јагодите и капините се исто се овошја со пониска содржина на шеќер.

5. КИВИ – 7 грама шеќер на едно киви

Иако некогаш било сметано за овошје кое е егзотично и ретко достапно, денес ова “влакнесто” овошје е достапно насекаде. Покрај тоа што има ниска содржина на шеќер, тоа е богато со важниот витамин Ц, кое може да ви го “спаси животот” – буквално, така што сметајте го да го вметнете во вашиот секојдневен режим на исхрана. Истражување објавено во “An American Journal of Clinical Nutrition” покажало дека високиот внес на витамин Ц од овошје го намалува ризикот од коронарни проблеми и раната смрт од болести.

Овошјето е препорачано да се конзумира и пред спиење. Зашто ? Истражување објавено во “Asia Pacific Journal of Clinical Nutrition” открило дека конзумирањето на 2 киви пред спиење го подобрувало сонот. Ова е важно за вас – земајќи го во предвид дека опоравокот надвор од теретана се случува додека спиеме!