„Порасни ме, навади ме, погали ме” на Зорица Зафировска

„Порасни ме, навади ме, погали ме” на Зорица Зафировска

Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата во 2020 година во рамки на програмата „Други простори“ поддржа развој на три современи уметнички дела на домашните уметници Зорица Зафировска, Оливер Мусовиќ и Филип Јовановски

Користејќи различни медиуми, уметниците преку своите дела се бават со исклучително важни теми поврзани со екологијата, која ја разгледуваат како динамична категорија на меѓусебно поврзани, еколошки, општествени, демократски, како и културни процеси на секојдневното живеење. Делата истражуваат и се бават со јавниот простор, животната средина, урбаното планирање на градот и правото на одлучување на уредување и развивање на средината во која живееме. Делата опфаќаат истражување, документација и уметничка презентација на зелените површини, од планирање на градското зеленило и пошумување како дел од урбаните политики и просторното планирање до граѓански грасрут инцијативи за развој на урбани градини во одредени градски маала и четврти.

Зорица Зафировска создава видео запис насловен „Порасни ме, навади ме, погали ме” како дел од истоимениот тековен проект кој се обидува да ја забележи брзата урбанизација на градот и зголемената потребата за враќање на грижата за јавните зелени површини.

 

„Порасни ме, навади ме, погали ме”

Видео запис, 30 мин.

Концепт и видео реализација: Зорица Зафировска

Транскрипт: Марија Ковачева

Монтажа и визуелна поддршка: Ангела Маневска

Видеото премиерно ќе биде прикажано во четврток, 11 декември, на вимео каналот на Зорица Зафировска, (директен линк: ххххххххххххх) по што ќе биде достапен за јавен преглед за секој заинтересиран граѓанин. Линкот од видеото биде објавен и на веб страната на Локомотива Скопје. 

Видеото се обидува да ги документира „урбаните, домашните и напуштените градини“, во скриените деловите од градот, а водено и да забележи и мапира видливи и невидливи активности поврзани со важноста на растенијата, природата и чистиот воздух во градот Скопје.

Потребата да се забележат градините и парковите, нивното градење и оддржување потекнува од потребата за партиципативност во истите. Директно и активно да се учи и учевствува во нивното градење и одржување, кое ја отвори можноста да бидат документирани и раскажани процесите, состојбите и потребите за градење директно од инволвираните учесници. 

Истотака је отвори можноста се биде дел од реална промена и да се партиципира во градењето на заедничкото добро.

Видеото е само формат кој се обидува да го раскаже повеќегенерацискито заедништво труд, љубов, грижа и поддршка.

Видеото претставува документиран запис во времетраење од 30 минути во рамки на кое се прикажани “градини од љубов и невнимание”, снимени на повеќе локации низ градот: Ново Лисиче урбана градина „Бостание“, населба Шуто Оризари основно училиште „Браќа Рамиз и Хамид”, дел од околината на касарната „Ѓорче Петров“ во населбата Даме Груев, паркот од левата страна на Собранието на Република Северна Македонија, населба Буњаковец и близината на основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар.

Освен визуелниот приказ на урбаните “организирани и спонтани” градини во видео записот се вклучени и неколку интервјуа со Тања Истински, Љубе Серафимовски, Димитар Самарџиев и Александар Митревски, кои ги споделија своите искуства и мислења за урбаните градни, можностите за нивен развој и опстанок во градот, интеграцијата и учеството на граѓаните и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во нивното одржување.

Видеото ги вклучува и Ирена Јовческа, Александар Сандревски, Кирил Шентевски, и Александар Николовски сите други учесници во изградбата на општествената градина „Бостание“ кои ја подржаа реализацијата на видео записот. 

Зорица Зафировскa (1982) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 2011-та година била последипломска кандидатка на културните студии на Институтот за општествени науки и хуманистички науки „Евро-Балкан“. Како уметница работи  на социо-политички теми, како трговија со луѓе, бездомништво, конзумеризам и екологија за кои прави специфични, временско-просторни инсталации, мали акции и активности. Од 2008-ма година е членка на Ф.Р.И.К. и селекторка на мал дел од видео програмата на ФРИК Фестивалот. Ко-основачка на Арт И.Н.С.T.И.T.У.T. проектниот простор во 2009-та, а заедно со 6 уметнички од Скопје ја ко-основаат иницијацијата „Моми“ во 2011 година. Од 2013-та е членка на Јадро и истата година го иницирала проектот „Простор“. Во 2014 е еден од победничките е на отворениот повик за млад уметник/ца на галеријата „Агенцијата за сериозни интереси“. Во 2016-та е добитничка на наградата за млад визуелен уметник/ца „ДЕНЕС“ на Центарот за современи уметности– Скопје. Има преку 10 самостојни изложби, акции и проекти во Македонија, Њујорк, Грција и Германија

Уметничките продукции се развиваат како дел од проектот „Програма на Локомотива во Кино Култура-проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура” финансиран од Град Скопје, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија.