50Cent со шокантен коментар до својот син на Instagram

50Cent со шокантен коментар до својот син на Instagram

50Cent ја шокираше јавноста кога на личниот Инстаграм профил на неговиот син му искоментирал дека посакува да го удри автобус.

Причината за ваквиот коментар е тоа што неговиот 21-годишен син Маркиз Џексон се фотографирал со синот на неговиот сопарник Суприм Мекгриф.

„Ако и двајцата мали нигери ги удри автобус, тоа не би ми го расипало денот“, напишал 50 Cent во коментари.

50 Cent и Суприм се ривали веќе долго време, а Суприм кој наводно планирал да го убие раперот, моментално отслужува доживотна затворска казна поради обид за убиство и криумчарење дрога.

Младиот Маркиз наводно не знаел за конфликтот помеѓу својот татко и Мекгриф кога се фотографирал со неговиот син.

Тој не е во добри односи со 50 Cent, а се претпоставува дека тоа е последица на бурната разделба со неговата мајка Шаниква Томпкинс, која во 2009 година го тужела раперот барајќи 50 милиони долари, но случајот бил одбиен.