50 Cent конечно доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните.
37-годишниот рапер, чие вистинско име е Куртис Џејмс Џексон III, гордо го прими признанието на церемонија која пред два дена се одржа на реномираниот булевар.
На настанот, познатиот музичар ја доби поддршката од бројни роднини и пријатели, меѓу кои беа неговата девојка Џамира Хејнс, Еминем и Др. Дре.