5 правила кои треба да ги практикувате за успешен тренинг!

5 правила кои треба да ги практикувате за успешен тренинг!

Температурите се веќе до плафон, летото пристигна, а вие сеуште не сте ја довеле Вашата фигура во совршен ред?

Фитнес инструкторите напоменуваат дека целиот труд во теретана е залуден, доколку не се придржувате до следниве правила.

За да добиете добро обликувани мускули на Вашето тело, многу е важна храната којашто ја консумирате. Најмалку еден час пред вежбањето е важно да изедете нешто, затоа што тоа ќе му даде на организмот дополнителна енергија. Бананите и јаболките се одличен избор, а можете да консумирате и шејк.

Хидратацијата е клучна затоа што нема ништо поопасно од вежбање на празен стомак или со малку вода во организмот. Испијте барем литар вода еден час пред тренингот. Испланирајте ги своите вежби, затоа што е важно да знаете што ќе правите и колку минути ќе ви бидат потребни, но издвојте и време за одмор. Кога имате план, лесно ќе се фокусирате на вежбањето.

Загревањето пред тренингот е неопходно. Едноставниот аеробик и динамичните вежби го загреваат Вашето тело, па можете да правите чучњеви, склекови и слично како би го подготвиле Вашето тело за поголеми напори. Музиката е исто така важна, затоа што таа ќе ве мотивира да го одработите тренингот како што треба. Монотоната музика во теретана нема никаков ефект, затоа составете листа на Ваши омилени песни коишто ќе ве мотивираат.