5 факти за Леонардо Ди Каприо

5 факти за Леонардо Ди Каприо

Покрај тоа што е инзвонреден актер има и многу други причини кои тој ги прави, а се за почит. Овие 5 последователни факти кои за жал не се толку познати сакаме да ги промениме.

1. Ди Каприо се грижи за животната средина.

Освен што страствено се грижи за убави модели тој е толку посветен и на грижата за загрозени животински видови, зачувување на океаните и околината. Во 2014 тој беше вклучен во глобален протест против климатските промени кога и самиот одржа говор на Самитот за климатски промени. Неговата фондација “Фондацијата Леонардо Ди Каприо” објави дека донирала речиси 14 милиони евра за 30 различни организации за животна средина.

2. Тој се грижи за домородците

Со векови домородците се ограбувани низ целиот свет, експлоатирани па дури и убивани. Тој јавно им се заблагодарува често преку своите говори. Неговата фондација активно промовира зачувување на земјиштето на Амазон и превзема големи светски проекти за заштита на загрозените култури.

3. Се грижи за животните

Преку неговата фондација тој не се грижи само за околината и луѓето туку поддржува и голем број на иницијативи за заштита на загрозени видови. Тој донираше милион долари на кампања за зачувување на тигри и други видови.

4. Пример за останатите

Покрај бројните донации тој настојува да биде и пример за другите. Така мултимилионерот се откажа од приватни авиони и скапи автомобили и вози “Тесла,, напојуван од електрична енергија. Во 2015 година тој купи остров на Белизе со цел да изгради уникатно еколошко одморалиште.

5. Прави филмови за промена во светот

Покрај актуелните активности тој учествува и во филмски проекти кои имаат за цел зголемување на глобалната свест. Тој беше извршен продуцент на документарецот од Нетфликс ,,Cowspiracy, the sustainability secret” за негативното влијание на масовната агрокултура врз нашето опкружување.