4 вида на храна кои помагаат за забрзано топење на вишокот на масти!

4 вида на храна кои помагаат за забрзано топење на вишокот на масти!

Имаме многу причини зошто да се храниме правилно и да ја контролираме тежината. Некои можеби се на почетокот на тоа патување, барајќи начини како да ги променат лошите навики со здрави алтернативи, додека можеби други целат да ги стопат тие последните 4-5 килограми за да изгледаат онака како што сакаат. Независно кои се вашите цели, ова се 4 видови на храна кои ќе го забрзаат тој процес.

ЈАЈЦА

Како тие помагаат:

“Докажано е дека јајцата го помагаат процесот на топење на мастите – преку тоа што даваат чувство на ситост и ја намалуваат конзумацијата на додатни непотребни калории подоцна во текот на денот” – вели експертот Brian Zehetner. Според едно извршено истражување, откриено е дека со додавање на 2 јајца со вашиот појадок ќе помогне да се намали апетитот и калорискиот внес во наредните 24 часа. Додатно, протеинот кој може да се најде во јајцата содржи еден од најдобриот избор на аминокиселини кој може да се најде во било која храна, правејќи ги јајцата одлични за качување на мускулна маса.  Мастите кои се наоѓаат во жолчката, ја успоруваат дигестијата и имаат бројни здравствени бенефити.

Што да правите:

Конзумирајте 2 или повеќе јајца околу 5 дена во неделата како дел од вашиот здрав појадок. Изфрлете ги брзите јаглехидрати како што се крофните, белите пецива и слично од вашиот оброк затоа што создава инсулинска реакција која го стимулира апетитот, една од причината за складирањето на масти.

ЦИМЕТ

Како тоа помага:

Циметот помага при контролирање на телесните масти на тој начин што ја подобрува осетливоста на инсулин и помага да се топат мастите – два ефекта кои ви се потребни кога сакате да намалите телесни масти. Прво, циметот ја подобрува искористеноста на инсулинот која навлегува во мускулните клетки, подобрувајќи го градењето на мускулната маса за оние кои тренираат наместо да се складира како вишок масно ткиво. Второ, истражувањата откриле дека состојката која се наоѓа во циметот (methylhydroxychalcone polymer) го подобрува топењето на мастите со тоа што ја гори глукозата внатре во масните клетки – тоа е исто како да имате оган, внатре во оган. Поради оваа причина, циметот е дел од многу суплементи кои се наменети за топење на масти.

Што да правите:

Ставете малку цимет во вашиот оброк со овесни снегулки. Ставете во вашиот протеински шејк (најдобро е да го измешате во блендер за добро да се соедини со протеинот), или пак помешајте го со вашето омилено кафе, ќе му даде одлична арома.

ОВЕС

Како ни помага:

Класичниот појадок може да помогне да се намали телесната тежина и мастите со тоа што ни обезбедува споро-разложувачки јагленохидрати со многу фибриди кои ќе помогнат нивото на инсулин да биде стабилно во текот на целиот ден. Истражување спроведено  на Loughborough University во Англија заклучило дека спортистите кои внесувале споро-разложувачки јагленохидрати за појадок и ручек, имале пониско ниво на инсулин за разлика од оние кои јаделе брзо-разложувачки јагленохидрати (работи кои содржат прост шеќер, џусеви и газирани сокови и слично).

Што да правите:

Подгответе си една чинија овесни снегулки за појадок. За уште подобри ефекти, ставете малку цимет од горе и јадете го со 2 или повеќе јајца и црно кафе – тоа е перфектниот појадок.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Како ни помага:

Се повеќе и повеќе е прифатен зелениот чај како состојка , дури и подобро од досега изборот кој беше на многумина – црниот чај. Иако двата вида на чај содржат кофеин, кој помага да се забрза метаболизмот, примарната состојка која го забрзува топењето на мастите е catechin epigallocatechin gallate (EGCG). ЕGCG ги инхибира ензимите кои го разложуваат норадреналинот. Исто така, овој неуротрансмитер е клучен за регулирање на метаболизмот. Со инхибирање на разградување на норадреналинот, зелениот чај ефективно го забрзува вашиот метаболизам. “ Двете, и кафеин иEGCG имаат благи ефекти, па затоа комбинација од двете е идеално”- вели Zehetner.

Што да правите:

Може да пиете зелен чај колку сакате во еден ден, но истражувањата докажале дека подобри ефекти има со суплементските форми на зелен чај – екстрактите. За најдобри резултати, треба да земете по 3 дози на ден по 500 mg.