4 рецепти за вкусни мафини

4 рецепти за вкусни мафини

Мафините станаа омилен десерт на многу домаќинки. Се подготвуваат лесно, не бараат посебни знаења и им се допаѓаат на сите по дома. Ви презентираме 4 рецепти за вкусни мафини.

Пред да започнете со подготовка на мафините, проценете во каква форма ќе ги подготвувате. Силиконската подлога не бара премачкување со масло или путер, а при стандардната форма треба да изберете помеѓу поминување на кошничките со масло или ставање на хартија во садот. Не полнете повеќе од 3/4 од садот, ако сакате да уживате освен во вкусни, и во мафини кои се убави на изглед.

Мафини со мармалад

Потребни производи: 1 флиџан. брашно, 1/2 ф. шеќер, 100 гр. масло, 2 јајца, 1/2 пакет прашок за пециво, ореви и лешници (по избор), 1 пакетче ванила, слатко по избор (боровинки, јагоди, малини, вишни).

Начин на подготовка: Во сад ги матите шеќерот и јајцата до добивање на пена. Потоа додадете масло и продолжувате да мешате. Во друг сад го ставате брашното, ставате прашок за пециво, ванила и мелени ореви. По желба може да додадете 1 супена лажица какао во прав. Измешајте ги сувите со мокрите состојки и мешајте додека не се добие хомогена смеса. Пополнете го садот за мафини до половина, ставете по 1 супена лажица слатко и додадете уште 1 прст од смесата. Печете на загреана рерна на 170 степени за 25-30 мин.

Мафини со јаболка

Потребни производи: 1 филџан масло, 1 ф. шеќер, 1 ф. брашно, 2 јајца, 1 прашок за пециво, малку цимет, 1/2 ф. мелени ореви, 1 рендана јаболка.

Начин на подготовка: Изматете ги во сад јајцата, маслото и шеќерот. Додадете го кон нив брашното, кон кое претходно сте ги ставиле прашокот за пециво, циметот и оревите. Промешајте до добивање на хомогена смеса и на крај додадете го јаболкото. Ставете ја смесата во калапи за мафини и печете во загреана рерна на 180 степени околу 22-25 мин.

Мафини со шумски плодови

Потребни производи: 2 филџани брашно, 1 ф. шеќер, 1 / 2 ф. масло, 3 / 4 ф. млеко, 2 јајца, 1 супена лажица прашок за пециво, 1 пакетче ванила, малку сол, 1 ф. шумски плодови по избор (боровинки, малини, капини, шумски јагоди)

Начин на подготовка: Во сад се мешаат сите суви состојки, а во друга сите влажни. Потоа се обединува содржината на двата сада и се меша до добивање на хомогена смеса. Конечно додадете го овошјето и повторно мешајте. Печете во загреана печка на 180 степени за 20 минути.

Солени мафини

Потребни производи: 2 филџани брашно, 100-150 гр. дробено сирење, 2 / 3 ф. масло, 1 и 1 / 4 ф. јогурт, 2 јајца, 1 супена лажица сода, зачини (бибер, солени, ким)

Начин на подготовка: Во сад се мешаат сите суви состојки, а во друга сите влажни (содата бикарбона додадете ја на јогуртот). Потоа се обединува содржината на двата сада и мешате до добивање на хомогена смеса. Додадете сирење и ако сакате исечени на коцки колбас или шунка. Смесата се прави во форма за мафини и се пече во загреана печка на 180 степени за 20 минути. По желба може на врвот да се изренда и малку кашкавал.