4 причини зашто да ја превземете контролата за вашата судбина!

4 причини зашто да ја превземете контролата за вашата судбина!

Не постои погорделив момент од тоа дека сте го сетирале умот на некоја цел и сте ја достигнале!

Една од првите работи кои успешните луѓе брзо ги сфаќаат е – “Ако сакам да се случи, од мене зависи”.

За тебе, тоа значи твојот успех, твојот пат зависи од тебе. Тоа не значи дека сам се ќе направиш. Едноставно значи дека треба да ја превземеш одговорноста за себе и својот живот и кариера. Многумина денес гледаат во некоја можност и чекаат и мислат дека зависи до некој друг да превземе некој чекор за нив. Чекаат и чекаат..мислејќи дека одговороноста не е во нивни раце. И кога чекањето ќе заврши, тогаш е предоцна за било што. Нивниот живот е делумно поминат и се полни со негатива, фрустрација и едно од најлошите чувства кои можат да бидат доживеани – каење.

Но тоа не мора да биде така во твојот случај. Знаеш дека ТИ треба да превземеш одговорност за твојот живот. Од ТЕБЕ зависи!

Факт е, никој не може да направиш ништо за тебе. Мораш самиот да го направиш, поради себе.

Е сега, некој може да помисли – “Па тоа е голема одговорност”. Но еве јас што мислам – тоа е најдобрата работа што можеш да ја слушнеш/помислиш! Ти ја добиваш одговорноста да си го одбереш сопствениот живот! Стотици милиони луѓе во светот би дале СЕ за да добијат шансата што ТИ ја имаш и да живеат во истата ситуација во која живееш – да имаш шанса да ја превземеш контролата над својата судбина. “Од тебе зависи” е благослов!

Еве зашто:

1. ДОБИВАШ ШАНСА ДА ОДЛУЧУВАШ ЗА СВОЈАТА ИДНИНА 

Можеби сакаш да започнеш мал бизнис и да останеш на тоа. Тоа е одлично, затоа што тоа ти можеш да го одбереш. Можеби сакаш да започнеш мал ланец на продавници. Можеби сакаш да имаш бруто годиншна заработка 100.000.000$ долари. И тоа е во ред. Поентата тука е дека сепак, ТИ одбираш. Можеш да правиш што и да посакаш. Различни луѓе имаат различни сонови и треба да бидат водени според нив.

2. МАКЕДОНСКАТА – “ШТО СИ СЕЕЛ, ТОА ЌЕ ЖНЕЕШ”

Успивај се редовно за на работа за да доцниш со своите обврски и соочи се со последиците од тоа. Или, стани поради и појави се прв, надработи ги сите и соочи се со “последиците” од тоа. Стави го својот капитал на ризик и заработи повратно. Стави го својот капитал на многу поголем ризик и можеби заработи повеќе повратно. ТИ одлучуваш она што ќе посееш, и што подоцна ќе жнееш.

3. НИКОЈ, БУКВАЛНО НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ТЕ СПРЕЧИ ВО ОСТВАРУВАЊЕТО НА СОНОТ

Секако, ќе постојат препреки на патот и луѓе на кои нема да им се допаѓа она што го правите, но од вас зависи и е ваша должност да се соочите со тоа и да го надминете и да продолжите по својот зацртан пат. Тоа е убавината и слободата на таквиот mindset!

4. ГО ИСКУСУВАТЕ ЧУВСТВОТО НА ОДЛУЧНОСТ И УСПЕШНОСТ

Не постои погорделив момент од тоа дека сте го сетирале умот на некоја цел и сте ја достигнале! Оние кои го живеат животот според “жртва” менталитетот, не го доживуваат чувството на достигнување затоа што секогаш чекаат некој друг да дојде и да ги спаси, да ги направи работите за нив за кои и тие самите ЗНААТ дека се на нивна одговорност. Оние кои ја превземаат одговорноста во свои раце, го доживуваат тој горделив момент на успешно реалнизирана цел.

Еве едно прашање – Каде се гледаш себеси за 5 години ? 10 години ? 25 години ? Знаеш воопшто ? Имаш некаква идеа ? Имаш сонувано за тоа или поставено некоја цел ? Спремен си да ја превземеп одговорноста и да препознаеш дека зависи од ТЕБЕ ?

Ти ќе бидеш таму каде што ти си одлучил да бидеш. Ти одлучуваш; од тебе зависи.

Знаејќи го тоа, самото по себе е возбудливо!