3 важни витамини кои го јакнат имунитетот

3 важни витамини кои го јакнат имунитетот

Силен имунитетот е важен во борбата против вирусите …
Само силен организам може да се спротивстави на болест која не бира кого ќе  нападне. За да имате силен имунитет, важно е да се јаде правилно и вистинскиот избор на храна е од најголема важност.


Посебно е важно да се внесат овие 3 витамини кои ќе ја намалат можноста за инфекција.
Еве за кои витамини зборуваме:

Витамин Ц
Знаеме дека сте слушнале безброј пати дека витаминот Ц е важен за нашето здравје и постои вистинска причина за тоа.
Витаминот Ц е најголемата стимулатор на имунолошкиот систем и заштитник на телото, поради што е важно да се внесе во организмот, секојдневно.
По природен пат може да го внесете во организмот со помош на следниве намирници: портокал, грејпфрут, мандарини, пиперки, спанаќ, кељ и брокула.

Витамин Б6
Витаминот Б6 е важен за поддршка на биохемиски реакции во имунолошкиот систем.
Храната богата со витамин Б6 вклучува пилешко, мисирка, туна, млеко, сирење, грав, спанаќ, моркови, семки од сончоглед и интегрални производи, а можете да го најдете во зелен зеленчук и наут.

Витамин Е
Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој му помага на телото да се бори против инфекции, а со доволен внес, ќе го зајакнете вашиот имунитет до максимум.
Храната богата со витамин Е вклучува ореви, семиња и спанаќ.
Со цел целосно да го зајакнете вашиот организам најдобро е да му обезбедите доволен внес на овие витамини преку храна, но доколку не сте во можност да го постигнете тоа, додатоците во исхраната ќе бидат корисни.

Покрај тоа, треба да се стремите да останете физички активни и да вежбате најмалку 15 минути на ден.