3 важни причини зошто да консумирате суви смокви секој ден

3 важни причини зошто да консумирате суви смокви секој ден

Сувите смокви се совршен избор за ужина …

Сувите смокви се одличен извор на минерали, витамини и антиоксиданти, се сметаат за супер храна која е достапна во текот на целата година.

Иако смоквите генерално се сезонско овошје, во текот на целата година можете да ги купите како сушено овошје.

Сувите смокви се одличен извор на минерали како што се калциум, бакар, калиум, манган, железо, селен и цинк. Јадењето 100 грама сушени смокви ќе ви даде 640 мг калиум, 162 мг калциум, 2,03 мг железо и 232 мг калиум.

3 причини зошто да го внесувате ова рајско овошје во вашата дневна ужина.

Тие помагаат при губење на тежината
Ова сочно медитеранско овошје е исто така добар извор на диетални влакна што го подобрува варењето на храната и обезбедува подолга ситост и на тој начин помага при слабеење. Исто така, вреди да се спомене дека има 249 калории во 100 грама смокви, затоа не претерувајте.

Го намалуваат крвниот притисок
Смоквите се одличен извор на калиум што помага во намалување и регулирање на крвниот притисок. Овој минерал е слабо достапен во храната, но е неопходен во денешниот свет, каде голем број на луѓе страдаат од неговиот недостаток заради зголемена потрошувачка на сол.

Го креваат расположението
Смоквите содржат значителна количина на витамин Б комплекси кои обезбедуваат енергија на организмот, обезбедуваат еластичност на кожата и сила на мускулите. Една од придобивките на оваа група на витамини е подобрување на функцијата на мозокот и подобрување на целокупното расположение.