3 начини да останете мотивирани и да продолжите на патот кон вашата цел!

3 начини да останете мотивирани и да продолжите на патот кон вашата цел!

Многу често ни се случува да си ги посочуваме нашите недостатоци и да им даваме големо значење на неуспесите. Треба еднакво да им даваме нё важност и на нашите успеси! Потребно е да си кажеме – “Јас сум на правиот пат. Јас сум во ред. Јас успевам!”

Како да го смениме нашиот mindset од негативен и демотивиран до позитивен и мотивиран ? Еве три начини како да останете мотивирани.

1.ПРАТЕТЕ ГО ВАШИОТ ПРОГРЕС

Пронајдете ги работите кои ги правите сега кои не сте ги правеле пред еден, два, шест месеци или една година. Кои навики сте ги промениле?

Да се биде мотивиран и да се прават правилно работите еднаш или два пати е релативно лесно. Континуитетот и движењето напред е тешко, затоа што многу често може да се вратиме на старите навики од претходниот животен стил што сме го практикувале. Затоа често најдете време да го пратите вашиот прогрес и да се бодрите себеси до каде сте стигнале. Не чекајте признание, диплома, промоција или пофалба од пријател за да си ја цените ВАШАТА работа. Бидете горди на трудот што го вложувате на дневно ниво.

2. ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА КРАЈНИОТ РЕЗУЛТАТ

Секогаш гледајте ја поголемата слика и вашата крајна цел на која работите и бенефитите кои доаѓаат со тоа.

За време на Втората светска војна, биле правени илјадници падобранци дневно. Од гледната точка на работниците, работата била прилично мачна и досадна. Работата била шиење на километри платно по 10 часа на ден. Но, секое утро работниците биле потсетувани дека секој конец што го шијат е дел од спасувачка мисија. Како што работеле, тие биле советувани да мислат дека некој од тие падобранци ќе биде носен од нивен сопруг, сопруга, пријател, брат или син. Иако работата била напорна повеќечасовна, работниците ја сфатиле нивната улога и придонес кон поголемата слика.

Истото треба да се аплицира и на вашата работа и цел. Се што правите, некој или нешто има бенефит од тоа, подобрување на квалитетот на животот на деца и возрасни низ светот, не само генерално, туку специфицирано. Ова е визијата која треба да не води до врвот.

3. ПОСТАВЕТЕ СИ ДИНАМИЧНА ДНЕВНА РУТИНА

Делувањето на позитивна рутина или опкружување наместо на негативна може да ви помогне да бидете поефективни.

Мислете на редот во вашиот ден, наместо на рутината. Редот не значи истото место секој ден, на истата поставеност на ист начин. Ред не е да правите повеќе од што можете да менаџирате, без сепак да можете да го правите тоа што го бирате. Редот е спротивното од комплицирањето; тоа е едноставноста. Редот не е трошење на многу време за да најдете нешто. Редот е поштедување од обвинувања за некоја работа која сте ја ветиле дека ќе ја направите. Редот е поставување на ефективна агенда со другите за никој да не биде разочаран. Редот е да го направите сето она што сте го поставиле да го направите. Редот ве ослободува. Влезете во здрава, продуктивна дневна рутина и забележете колкава контрола ќе добиете над вашиот живот.