Каролина го промовираше новиот спот!

Каролина го промовираше новиот спот!

По кратката пауза и возбудата од судбоносното ДА, македонската пејачката Каролина Гочева сними нов спот со наслов „Свет без граници“.

– Откако пред неколку месеци имавте можност да чуете мал дел од нашиот „Свет без граници“, со Дуке Бојаџиев решивме да ви ја подариме и целата песна, притоа направивме и едно симпатично лирик видео за кое ни помогнаа цртежите на првачињата од ОУ „Љубен Лапе“ од Скопје и рачето на нашата Дариа Милошеска – изјави Каролина.