1,5 милијарди долари од продажба на Yeezy патиките за Канје Вест

1,5 милијарди долари од продажба на Yeezy патиките за Канје Вест

Канје Вест е новиот најбогат хип хоп музичар според Форбс. Тој на првата позиција дојде поминувајќи го славниот рапер Џеј Зи. Канје Вест се најде на првата позиција по скок од 10 места.

Според магазинот Форбс, најголемата причина за ова е продажбата на Yeezy патиките кои му донеле продажба од 1,5 милијарди долари во 2019 година на Канје Вест.

Покрај што е добар музичар, Канје се покажа дека е добар бизнисмен преку неговата линија на патики.